Заев од Кавадарци: Излезете на гласање и донесете вистинска одлука за вашите деца и за својата Македонија

Заев од Кавадарци: Излезете на гласање и донесете вистинска одлука за вашите деца и за својата Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев синоќа во Кавадаци на граѓанската трибина во организација на коалицијта „Заедно за Европска Македонија“  ги поздрави многубројните граѓани со пораката дека нашата иднина е во Европска Македонија и ги повика кавадарчани да ја зграпчат историската можност позитивно да одлучат за членство на нашата земја во ЕУ и НАТО со што ги осигуруваме и обезбедуваме безбедноста, трајниот мир, економскиот просперитет и стабилност на нашата државата.

Говорници на граѓанската трибина беа и актерот Љупчо Бубо Каров и пејачката Кристина Арнаудова кои ги повикаа своите сограѓани да ја дадат поддршката и да излезат на гласање на референдумот за Европска Македонија, заедно да одлучиме земјата да тргне посилно напред и да обезбедиме иднина за нашите деца.

„Јас сакам да ве повикам на 30-ти септември да излезете на гласање. Од сабајле кој пие кафе, пие, да си испие кафенцето, да си се дотера со најубавата облека, да си ја понесе најубавата насмевка со себе, да оди на гласање, да се врати и да си ги гушне децата дома и да знае дека донел вистинска одлука и за своите деца, и за својата Македонија.“ повика премиерот Заев.

Зборувајќи за важноста на референдумското изјаснување на граѓаните на 30-ти септември премиерот Заев рече дека станува збор за историска одлука за која во иднина со гордост треба да ги погледнеме нашите деца во очи дека сме им ја обезбедиле иднината во Европска Македонија.

„Ќе може да ги погледнеме децата наши во очи и да им кажеме: Ќерко, синко ние ја обезбедивме иднината тогаш кога требаше. Го направивме чекорот, донесовме одлука, обезбедивме перспективи за вас децата. Еве денеска вие живеете убаво, перспективно, може да се образувате каде сакате во Европа, може да имате рамноправен третман со сите млади луѓе како што го има по цела западна Европа.“ порача премиерот Заев.

Премиерот Заев ги повика сите граѓани заедно да одржиме лекција со референдумот за Европската Униј, за верба во европски вредности и како што рече уште еднаш да и помогнеме на Европа.

„Што имала Македонија да и даде на Европа? Дава веќе Македонија на Европа. Дава европски манири, дава европски однос, дава љубов кон Европа. Дава верба во владеење на правото, закони да важат еднакво за сите, во севкупни човекови права и слободи, во севкупната слобода вклучително и слободата на медиумите, во професионална безбедност, комплетно Европа добива и од нас од нашата верба.“ зборуваше премиерот Заев пред граѓаните на Кавадарци на граѓанската трибина оргнизирана од коалицијата „Заедно за Европска Македонија“.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …