Заев од Охрид: Ова е најважниот глас во историјата на нашиот народ

Заев од Охрид: Ова е најважниот глас во историјата на нашиот народ

– Овде, крај езерото, повеќе од 3.500 ученици се описмениле на Свети-климентовиот универзитет за потоа да патуваат низ Европа и да го шират словото и знаењето стекнато тука. Охрид бил голем центар на писменоста, културата и византиската уметност со векови.

Ако е тоа така, кажете ми тогаш дали има поголем влог за одбрана на нашиот идентитет, од фактот што со нашата интеграција во ЕУ, македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ!

Дали добро ме чувте? Македонскиот јазик ќе е официјален јазик во Унија на нации којашто брои петстотини милиони луѓе, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на митингот синоќа во Охрид.

-Дојдов тука, во Охрид за да ве повикам сите вас, сите прогресивни сили во државата, а тоа се пред и над се граѓаните, граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, Еѓипќани… сите!

Ќе се одважиме во новиот историски момент што ги повикува нашите генерации и ќе гласаме За европска Македонија!

Oвој историски момент ги повикува и членовите на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство.

Вистинскиот патриот на 30. септември ќе излезе За европска Македонија, додаде  претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој потсети на вчерашната порака на американскиот секретар за одбрана на САД, Матис.

-Американскиот секретар Матис рече дека 29 земји членки на Алијансата се обврзуваат да ‘не штитат!  Ова е најважниот глас во историјата на нашиот народ.

На 30.септември излегуваме масовно и гласаме заедно да одиме напред, за европски Охрид, За европска Македонија, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на митингот во Охрид.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …