Заев од трибината во Штип: Иднината на земјата ја обезбедивме, одиме храбро по прав пат, работиме со љубов

„Конечно имаме право, ги имаме сите причини да добиеме одлука за почеток на прегоговите со ЕУ, да ги отвориме и поглавјата и фондовите, да ги поддржиме компаниите но и младите. Затоа тргнавме со ваква политика, затоа ги решававме односите со соседите“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Штип.

Заев истакана дека се отворени перспективите за сите нас, за нашите деца, за татковината, за граѓаните.

– Никој повеќе не не’ негира како земја, признаени сме од целиот свет. Во седиштето на Европската унија говорев на македонски јазик, признаен од цел свет. Личната карта си ја обезбедивме. Конечно имаме имотен лист, имаме држава за која нашите дедовци се бореле, и тоа по мирен пат. Одиме храбро, работиме од љубов, си ја сакаме татковината. Возот тргна на шините, тој е на прав пат. Нема излегување од шините, одиме напред, на прав пат!, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од синоќешната трибина во Штип.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …