Заев: Одлуката за распределба на средства во културата ќе биде поништена, повторно ќе се отворат постапките

Премиерот Заев, пред одржувањето на вчерашната трибина со граѓаните на Иловица и Штука, даде изјава за медиумите и одговори на новинарско прашање кое се однесува на распределбата на средствата за култура, кое ви го пренесуваме во целост:

Одговор на премиерот Заев: Смешно и трагично е, кога ќе кажам дека ниеден документ нема доставено Џез фестивалот. Ниеден документ, го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се. Секако, нема да навлегувам во суштината на реакциите. Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена, освен за Националните институции каде што нема реакции, тоа се домовите на културата, каде се направени фер распределби. Но сите други апликанти, одлуката ќе биде поништена и ќе биде повторно донесена. Законот дава можност во итни, неодложни случаи, можеби во март има некој фестивал, можеби во април, на транспарентен начин. Да не заборавиме, рековме ќе ги слушаме граѓаните. Граѓаните денеска реагираа, имаат аргументи и од Министерството за култура, Комисијата за култура, но имаат и граѓаните. Затоа, уште потранспарентно ќе ги донесат одлуките, самата Комисија за култура, при Министерството за култура која е надлежна за нејзиното одлучување и нема кај да брзаме. Постоиме за граѓаните. На уште потранспарентен начин ќе се донесат одлуките и ќе гледаме да биде задоволството колку што е можно поголемо. И лани имаше реакции и уште од лани знаевме дека и оваа година ќе има реакции. Тешко се погодува работата за секој. Не можете да носите одлука за било кој, ако нема документи. Молен е, за доставувањето документи, така сме информирани. И еден дел од другите институции, на пример никој не знае не е објавено за  „Фолк фест Валандово“ за „Макфест“, а реакциите се присутни. Така да, граѓаните реагираа одлуката, кој што ја донел ќе ја поништи, тоа е законски можно, решенија немаат добиено никој за да евентуално тужи или слично. Ќе се отворат повторно постапките на уште потранспарентен начин, одлуките ќе се донесат.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …