Заев по седницата на ЦО: Ги донесовме одлуките за преодната Влада, СДСМ е фаворит на изборите

Заев по седницата на ЦО: Ги донесовме одлуките за преодната Влада, СДСМ е фаворит на изборите

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани новинари, почитувани граѓани,

Дозволете да ги соопштам одлуките што денеска ги донесе Централниот одбор на СДСМ. Претходно, одржавме координација на највисокото политичко раководство, по што следуваше седница на извршниот одбор, на крајот одлуките финишираа со одлука на ЦО. Одлуките што денеска ги донесовме беа неколкукратни, дискутиравме за многу прашања од актуелните политички случувања, но веројатно фокусот на вниманието на јавноста е кон преодната влада која согласно законот треба да се формира на 3 јануари 2020 година.

СДСМ, преку своите органи, едногласно на политичка координација, едногласно на ИО и едногласно на ЦО, донесе одлуки за четири кадровски решенија со кои ќе партиципираме во предоната влада, која ќе трае се до формирањето на политичката влада.

Во тој дел, за претседател на преодната влада е избран Оливер Спасовски, досегашен министер за внатрешни работи, кој истовремено е и потпретседател на СДСМ. За потпретседател на владата за екконмски прашања избрана е Мила Царовска, деосгашна министерска за труд и социјална политика, исто така потпретседателка на СДСМ.

За дополнителен заменик министер во МВР избрана е Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на министерот Спасовски, а за дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика избрана е Санел Шкријељ, досегашен шеф на кабинет на министерката Мила Царовска.

Овие 4 кадровски решенија испраќаат неколку сериозни пораки. Испраќаат пораки дека сериозни човечки капацитети кои досега се докажале работејќи за својата земја, за својата држава, вградувајќи политики што живот значат за граѓаните и во делот на безбдонста и во делот на социјалната сфера, испраќаат сериозни решенија за нивната стручност за вршење на овие функции. Секако шефовите на двајвцата министри кои ги делегираме и предлагаме до Собранието да бидат дополнителни заменици министри во преодната влада се сериозни професионалци преку кои имаме намера да продолжи континуитетот на политиките кои оваа влада на чело со СДСМ има намера да ги имплементира и во овој преоден период.

 

За нас овие 100 дена се исклучително значајни, не само затоа што треба да дат придонес овие личности за она што е најсвето а тоа е слободата на правото на избор, кој во секоја демократија е врвно право и ние сме посветени, така што гаранцијата за фер, слободни, демократски, регуларни изброи навистина е обврска на сите граѓани, а власта сака најсериозно да партиципира во обезбедување на чесни, фер и демократски избори. Тоа е затоа што имаме намера да одиме напред, кон демократскиот свет и тоа е многу важно, но исто е важно во овие 100 дена да не застанат работите. Да течат економските политики, да течат реформите, да продолжи да се трансформира нашето општество, кое е многу значајно, за да не ни се нанесат штети како во минатото за време на избори одредени економски активности знаеле да се намалат или да затајат.

Верувам дека преку сериозноста на ваквите кадровски решенија испраќаме дополнителна порака дека сме сериозна политичка партија која сака сериозно да се посвети на периодот што претстои. Ние на овие избори влегуваме како фаворити и за нас многу се важн и вредностите. Како што гледате, од 4 кандидати, 3 се жени а еден е маж и тоа многу значајно. Веројатно се поклопија самите принципи врз кои ги носевме одлуките, но за нас секоја порака е важна.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …