Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција ги повика лидерите на партиите на одржување на лидерска средба, в петок во Клубот на пратениците, во 14 часот.

Тој упати порака до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

На лидерската средба, како што посочи Заев, би се разговарало за нов изборен законик и изборен модел, за законот за јавно обвинителство односно решавање на статусот на СЈО и за пописот.

Заев рече дека краток е периодот до октомври, кога се очекува добивање на датум за почеток на преговорите, и оттука потребно е партиите да се обединат за важни политички прашања и да нема аргумент, зошто да не почнат преговорите со ЕУ и отворањето на поглавјата.

Во однос на прашањето за предвремени парламентарни избори, кои ги бара опозицијата, Заев рече дека владејачката партија останува на ставот за редовни парламентарни избори кои треба да се одржат догодина во декември.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …