„ЕУ направи историска грешка со недоделувањето датум за преговори на нашата држава. Граѓаните се тие кои тие треба да кажат во каква Македонија сакаат да живеат. Заради тоа, на утрешната лидерска средба кај Преседателот на државата, ќе предложам одржување на брзи предвремени парламентарни избори“, изјави на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев.
Лидерската средба ќе се одржи утре, со почеток во 17.00 часот, во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија во „Вила Водно“.