Заев прифати лидерска средба за СЈО и за реформските закони

Заев прифати лидерска средба за СЈО и за реформските закони

Премиерот Зоран Заев, најави лидерска средба, како што побара ВМРО-ДПМНЕ во врска со статусот и идината на СЈО.

Премиерот, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, беше во посета на комбинатот „Еуро никел“, поранешно „Фени“, рече дека на лидерската средба ќе се разговара и за реформските закони и претседателските избори.

– Секако, време е да одржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доаѓаат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба – вели Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …