Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Денеска, на два дена пред официјалниот почеток на кампањата за изборите, пред целата јавност видлива е јасна разлика меѓу концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од една страна и неодговорното, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од другата страна.
Преку сериозните, храбри и исправeни чекори што ги презедовме, покажавме дека e со СДСМ сегашноста е стабилна, а иднината е обезбедена.
Граѓаните тоа денес го гледаат и чувствуваат. Покажавме дека не бегаме од дадената одговорност, покажавме дека можеме да се фатиме во костец со најкомплексните проблеми и да ги решиме во интерес на граѓаните и државата, без притоа да правиме какви било калкулации околу партискиот или личните рејтинзи.
Имаме јасна визија за тоа каде треба да биде нашата Република Северна Македонија во 2024 година и посветено работиме на тоа, водејќи се строго од националните и државни интереси.
Од другата страна стојат Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои не нудат ништо освен враќање на режимот.Тоа денеска можеме да го видиме апсолутно влеќејќи паралела како беше 11 години за нивното владеење и какви се во најава впрочем тие. Тие беа и се уште се без став за кое било стратешко прашање, тие беа и се уште се заглавени во сопственото режимско минато од кое ниту сакаат, ниту можат да излезат. Тоа е партијата во која ништо не се променило, водена од збунет, неодговорен и незрел политичар чие однесување е опасност за државата.
Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција, беше обележје и за време на кризата со коронавирусот, а таквото однесување кулминира со наближувањето на изборниот ден.
Последен доказ за тоа е предвременото започнување на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, чии носители, кандидати за пратеници и активисти викендов јавно делеа партиски пропаганден предизборен материјал што е спротивно на законите и за што ќе добијат секако соодветни пријави преку институциите.
Од едната страна е СДСМ посветена на промоција и почитување на мерките и на законите, а од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ кои не почитуваат закони, а нивниот претседател Мицкоски не почитува мерки и задолженија за заштита од коронавирусот.
И додека сите капацитети на државата се ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како по обичај застанаа во одбрана на партиското профитерство, на штета на граѓаните и јавното здравје.
Јасно е кој застанува на страната на лекарите и медицинскиот персонал , а кој им лепи партиски етикети и ги оспорува нивниот кредибилитет и секако стручност. Јасно е кој промовира превентивни мерки, а кој свесно и со умисла ги крши. Кој вистински се бори да ги заштити граѓаните, а кој шири лажни вести.
Граѓаните многу добро знаат кој сака функционални институции со полн капацитет, а кој инвестира во политичка криза. Ние носиме пакети анти-кризни мерки, економски мерки а тие блокираат заем од Светска Банка замислете наменет за здравството, за опремување на здравствените капацитети и за најсиромашните, невработените и примателите на социјална помош.
Затоа, на 15 јули пред секој од нас е едноставен и слободен избор. Да ја потврдиме сигурната иднината или да ризикуваме враќање во минатото. На 15 јули секој од нас ќе придонесе во изборот на одговорна власт, наместо опасна власт.
Денес, почитувани, понудите се јасни како никогаш порано. Од една страна е Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, која го исполнува генерацискиот сон за полноправно членство во НАТО и носи почеток на преговори со ЕУ. Коалиција за повисоки плати и пензии, економски раст, за рекордно ниска невработеност, јасна и проверена опција за слобода и демократија.
Од друга страна се ВМРО-ДПМНЕ, со централата во Будимпешта и бел дворец во Скопје, кои се закануваат со поништување на „Преспанската спогодба“, правејќи сé за да се врати режимот. Тоа се истите оние кои лобираа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговорите, оние кои сакаат повторно да ја заглават земјата во поделба по сите основи , во митовите за антиквизација.
Јасно е, на 15 јули на фер, слободни, демократски и здравствено целосно безбедни избори, граѓаните ќе изберат светла иднина со СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат во мрачното минато на режимот.