Заев: Се води истрага за “Коки” и “Кики”

Заев: Се води истрага за “Коки” и “Кики”

Се води истрага за лицата под псевдомините “Коки” и “Кики”, потврдипремиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Антонио Милошоски, дали слушнал дека сопственик на медиум и функционер од владејачката партија се занимаваат со рекетирање, корупција, перење и изнуда на пари.

Милошоски побара допонителен одговор од Заев, дали знае кој е “Кики” и која градоначалничка била рекетирана, барајќи од неа бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра.

Заев нема информации дали е точно дека сопственикот на медиум изнудил 200.000 евра од поранешен градоначалник на скопска општина.

Сите наводи веќе ги истражува Обвинителството за организиран криминал. Истрагата е отвоена по допрен глас по пишувањата на главниот уредник на Плусинфо, Бранко Геровски кој во неколку колумни говореше за “Коки” и “Кики”, кои се измислени имиња за вистински ликови кои вршеле рекет и уцени во соработка со локални моќници и обвинители.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …