Заев: Суетата ја ставам на страна, пријателството со Бугарија треба да се негува и доградува

Правам сè за да изградам пријателство. Гледате дека моите суети ги ставам на страна, сакам искрено да градам пријателство. Бугарија е партнер на Македонија и тоа го покажа неколку пати и не е во ред тоа да го заборавиме, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ја гледа како закана за евроатланските аспирации на Македонија.

– Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам и она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни. Договорот со Бугарија го потврдивме преку нашите потписи но треба тоа да го негуваме и доградуваме и постојано да тежнееме кон градење пријателство кое од обостран интерес на двете земји и двата народи и на генерациите кои што доаѓаат. Треба сите да внимаваме и да придонесуваме во тоа заедничко пријателство – рече Заев кој на прашањето дали двете земји конечно ќе се договорат за Илинденското востание тој одговори дека веќе одбележуваме дел од нашата заедничка историја.

Премиерот Заев потенцираше дека директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски иако е професионалец, направил грешка и поради тоа треба да поднесен одговорност и потенцираше дека предлогот за неговото разрешување на е внатре партиска пресметка.

– Станува збор за понесување одговорност кое граѓаните го очекуваат од политичарите и носителите за јавните функции. Господинот Велковски е еден од моите први соработници и соработници на министерот Оливер Спасовски, но грешката е направена и одговорноста мора да се понесе. Секако јас верувам дека тој ќе остане и понатаму значаен фактор во МВР заради тоа што е важен со неговото искуство и е од помош на државата. Спасовски даде предлог за разрешување, владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот а потоа ако владата одлучи да постапи по овој предлог ќе разгледуваме и можни решенија. Господинот Велковски е припадник на СДСМ и секогаш важел за сплотувачки фактор во СДСМ. СДСМ е единствен и сплотен посебно пред вакви важни моменти – изјави Заев и додаде дека до сега не размислувале за нови имиња кои би можеле да го заменат Велковски и напомена дека ќе треба време да се најде вистинско решение преку добра анализа.

Во врска со кампањата за референдумот Заев вели дека таа дополнително ќе се засили во јавноста и ги повика граѓаните да го погледнат договорот и да видат дека идентитетот е потврден а дека македонскиот јазик е загарантиран.

– Владата утре на седница ќе дебатира и ќе донесе одлука како да помогне во информативниот дел на кампањата за можат овие 3 проценти кои што го прочитале Договорот да станат 100 проценти – информираше Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …