Заев во Иловица и Штука: Oдлуките ги носиме да бидат корисни за економскиот развој на регионот и заштита на животната средина

Заев во Иловица и Штука: Oдлуките ги носиме да бидат корисни за економскиот развој на регионот и заштита на животната средина

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера, во Иловица во организација на општина Босилово и градоначалникот, Зоран Зимбаков одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука, при што даде изјава и одговараше на новинарски прашања кои Ви ги пренесуваме во целост.

„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, вечерва сме овде со министерот за економија г. Крешник Бектеши и градоначалникот на Општина Босилово, секако и со граѓаните на Иловица и Штука и дел од струмичкиот регион на информативна седница, средба заедно со граѓаните, по основ на актуелно прашање за струмичкиот регион, за Општина Босилово и Општина Ново Село. Одржавме досега неколку средби со претставниците на компанијата „Евромакс ресурсис“ кои што се добитници на Договор за експлоатација, а немаат дозвола за експлоатација, со претставниците на граѓанските здруженија, но ветивме и со граѓаните дека ќе дојдеме да се информираме, да ги слушнеме, да научиме од нив, но и ние да ги пренесеме информациите кои што ги имаме. Се работи за значајни одлуки, кои што ќе влијаат на иднината секако на овој микрорегион Иловица, Штука, на Општина Босилово, Општина Ново Село, кој на целиот Струмички регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа, се обидуваме да изнедриме најпаметни одлуки, согласно законите во Република Македонија, со кои што никогаш нема да се каеме, а сепак ќе овозможиме иднина на развојот и на државата, но пред се и на овој регион од кој и јас потекнувам. Денеска, немаме намера овде да носиме некои заклучоци како што реков информативна е седницата. Поради тоа, верувам дека тоа ќе помогне и на Владата, но ќе им помогне и на граѓаните за полесно да ги разбереме работите. Доволно се секаков вид на шпекулации, кои што ги има пред се по социјалните мрежи најповеќе, но и дел од нашите медиуми пренесуваат секаков вид на информации. Убаво е, граѓаните да знаат за било која работа се, посебно за вака чувствителни работи. Уште еднаш потенцирам, нема позначаен приоритет за нас како Влада, верувам и за било која Влада, од здравјето на граѓаните, од перспективите на овој регион, од традицијата која што ја имаат нашите граѓани, но секако и желбата да децата останат овде да живеат овде, да чекаме деца од нашите деца, внуци. Така да, верувам дека денеска ќе имаме плодна средба на која што ќе излеземе попаметни и ние од Владата, но и граѓаните од Иловица и Штука“, изјави премиерот Заев.

Граѓаните од овој регион, се малку загрижени за безбедноста, со отворањето на овој рудник. Имаме ли, и каква е безбедноста на останатите рудници во нашата земја? Имаме ли како држава анализа?

Одговор на премиерот Заев: Секако дека имаме. Да напоменам дека поради постоењето на одредени рудници, цели градови и цели општини опстојуваат, живеат од тие рудници. Тука е опфатена и безбедноста и сигурноста и здравјето и сето она што претставуваат нормативи на нашето усогласено законодавство во Репубика Македонија, но и она што претставува меѓународна пракса, затоа што минералните суровини се потенцијал за развој на сите во светот, така и на нашата Македонија, но не под било какви услови. Од тука треба да знаете дека во овој, еве 20 месечен период, се променија многу работи. Имаше дадено концесија овде, со цијаниди, со други отровни супстанции, кои што и те како поради гласноста на граѓаните ги принудија политичарите, како што сум и јас, да ги промениме работите. Целиот технолошки процес е променет, повеќе нема цијаниди и опасни материи во обработката на рудата, но донесовме и нов Закон, во кој што се забранува употребата на цијанидите и опасните супстанци, така да многу работи денеска се сменети. Во едни вакви околности, ние мораме да бидеме најпаметни и да донесеме одлука. Кога велам ние, не сме Владата, пред се граѓаните. Ние постоиме, да им служиме, да им бидеме сервис на граѓаните и од тој аспект, за вака важни работи не смееме ниту општеството, ниту граѓаните, ниту општините, ниту пак Владата и државата, шпекулациите да ги носат, да ги манипулираат и да бидат пресудни во нивните одлуки. Граѓаните треба да знаат се и граѓаните се последни во процесот на одлучување.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …