Заев во интервју за ТВ 21: Мерките за лична заштита почнаа да даваат резултати, но не е исклучено да бидат донесени рестриктивни мерки

Во интервју за ТВ 21 претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев истакна дека будно се следат состојбите со КОВИД-19, сите ресурси се посветени на ова прашање и граѓаните треба да знаат дека на 1 ноември R факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така доколку продолжат да се спроведуваат актуелните мерки за заштита.

„Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21:00 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17:00 или од 18:00 ќе има подобри резултати и сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од  мерките“, рече премиерот Заев.

Јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сé е ставено на располагање за справување со КОВИД-19. Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручни кадри за справување со оваа ситуација.

Во однос на набавката на вакцината тогаш кога ќе биде одобрена, премиерот Заев нагласи дека земјата е вклучена во КОВАКС механизмот на СЗО за да се обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини против КОВИД-19 и дека Северна Македонија, како и Западен Балкан, ќе биде вклучен во набавката на вакцината што ќе ја спроведе ЕУ за нејзините земји членки.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …