Заев: Во сабота заеднички да го прославиме историскиот успех, Македонија во НАТО и ЕУ!

Заев: Во сабота заеднички да го прославиме историскиот успех, Македонија во НАТО и ЕУ!

Во името на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев денеска упати покана до сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија:

Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина!

Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност.

Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, тука, во нашата земја.

Почитувани граѓани,

Во сабота, на 14 јули, да се обединиме и заеднички да го прославиме историскиот успех на Македонија.

Ќе славиме во 15 градови ширум земјата, заедно со најголемите домашни ѕвезди.

Скопје, почеток во 21:00 часот со: Кирил Џајковски, Архангел, Quepurdat

Битола, почеток во 21:00 часот со: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан.

Велес, почеток во 21:00 часот со: Ферус Мустафов, Слаткар

Гевгелија, почеток во 21:00 часот со: Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс

Гостивар, почеток во 21:00 часот со: Феки Ферис, Ареа

Кавадарци, почеток во 21:00 часот со: Кристина Арнаудова, Нокаут

Кичево, почеток во 21:00 часот со: Адријан Гаџа, Владо Јаневски

Кочани, почеток во 21:00 часот со: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion

Куманово, почеток во 21:00 часот со Мухамед Ибрахими, Шутка Рома Рап, ПМЏ Колектив, Фолтин

Охрид, почеток во 18:00 часот со: Лозано, Исмаил Лумановски

Прилеп, почеток во 20:00 часот со: 5 Плус Бенд

Струга, почеток во 21:00 часот со: Бла бла бла, САФ, Маци Стојановиќ

Струмица, почеток во 21:00 часот со:   Чалгија Саунд Систем, Љубојна

Тетово, почеток во 18:00 часот со: Биг Мама, Хај Контрол, Шпат Касапи, Дани Димитровска

Штип, почеток 21:00 часот, со: Елена Ристовска, ДНК

Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …