Заев за Франс-прес: Никогаш поблиску до решение со Грција

Заев за Франс-прес: Никогаш поблиску до решение со Грција

Македонскиот премиер Зоран Заев изрази уверување дека земјата никогаш не била поблиску до постигнување решение за спорот со Грција околу името.Заев за Франс-прес: Никогаш поблиску до решение со Грција

Тој во изјава за агенцијата Франс прес, која ја пренесува МИА, додаде дека евентуалниот неуспех „не би значел крај на светот“.

– Верувам дека никогаш не сме имале подобри околности за постигнување целосно решение, кое ќе трае засекогаш – нагласи Заев, додавајќи дека доколку „спорот не се реши, тоа нема да значи крај на светот“.

Премиерот Заев истакна дека Македонија ќе ја продолжи „европската програма на овој или на оној начин“.

Македонскиот премиер изјави дека голем дел од спорот околу името на Македонија е решен, но не сака да открие детали од преговорите, бидејќи „тоа може да го загрози процесот“.

Македонија неодамна од Европската комисија доби препораки за отворање пристапни преговори за членство во ЕУ.

МИА

Прочитајте повеќе

Од ССНМ и ЗНМ бараат објаснување зошто новинари биле повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови

Од ССНМ и ЗНМ бараат објаснување зошто новинари биле повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови

Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси …