Заев: Законот е уставен, да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт

Заев: Законот е уставен, да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт

Премиерот Зоран Заев во обраќање до јавноста рече дека Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во градењето на концептот „едно општество за сите граѓани“ кој што добил поддршка од мнозинството граѓани на последните парламентарни избори, но и на локалните избори.

Заев истакнува дека Законот е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5, кои се донесени пред 17 години и дека никој не e, и не може да биде над Уставот.

– Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка. Истовремено, овој закон целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик. Сега е време да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт, кои се во спротивност со нашите и европските вредности – вели Заев.

Наша должност и одговорност, додава премиерот, треба да бидат интересите на сите граѓани без исклучок. Според него, нема разумно оправдување во блокадата на политичките процеси и на политичките институции како што е Собранието.

– Наместо тоа, време е сите ние, политичарите, да ја преземеме одговорноста што им ја ветивме на граѓаните и да ги заокружиме реформските процеси во Република Македонија. Време е за реформи и за економија, време е за развој на Македонија, во интерес на сите граѓани – смета Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …