Фотографија Сашко Митовски за загадување

Загадување на водите на Крива Река: Општина Крива Паланка бара итни мерки

Загадувањето на водите на Крива Река, предизвикано од хаваријата во рудникот „Тораница“, покажува сериозно присуство на тешки метали и штетни материи, според извештајот на акредитираната лабораторија „Технолаб“ – Скопје.

Анализите откриваат десеткратно зголемени концентрации на олово и стотици пати повисоки нивоа на цијаниди, фосфор и азот, што претставува опасност за животот и здравјето на луѓето.

Општина Крива Паланка најави барање за кривична одговорност од концесионерот, повикувајќи го Јавното обвинителство да преземе мерки согласно Кривичниот законик. Потенцијалните последици вклучуваат загрозување на животната средина, земјоделските насади и сточниот фонд, со директен ризик за безбедноста на храната.

Дополнително, општината алармира за неодговорното однесување на пратеникот Емил Спасовски и претставници на Државниот инспекторат за животна средина, кои со неосновани изјави ја довеле јавноста во заблуда. Апелот е насочен кон итно постапување од институциите и преземање решителни мерки за спречување на вакви случаи во иднина.

Прочитајте повеќе

САД: Нападнат иранскиот остров Харг, база за извоз на нафта

САД: Нападнат иранскиот остров Харг, база за извоз на нафта

Американските вооружени сили ја нападнаа иранската островска база Харг, клучна за нафтената инфраструктура на Иран, …