Загинаа 71 човек во несреќа на руски патнички авион во Москва

Руски патнички авион со 71 патници се урна набргу по полетувањето од московскиот аеродром Домодедово, јавија руските медиуми.

Авионот Антонов Ан-148 на компанијата Саратов ерлајнс летал од аеродромот Домодедово кај Москва до Орск на јужен Урал, јави Интерфакс. Извор од службите за итна помош изјавил дека авионот се урнал во близина на селото Аргуново и оти „патниците и екипажот немале шанса да преживеат“. Во авионот имало 65 патници и шест членови на екипажот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Иран ја распушта моралната полиција поради протестите, соопшти главниот обвинител во земјата

Иранската морална полиција, која е задолжена да го спроведува исламскиот кодекс на облекување во земјата, …