Пожар Лос Анѓелес

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили

Жестоките ветрови од Санта Ана се главниот виновник за претворањето на шумските пожари од минатата недела во пеколни. Тие срамнија со земја цели населби низ градот каде што немаше значителни врнежи од дожд повеќе од осум месеци

По викендот поминат во обиди да се спречи експлозивниот пораст на пожарите кои уништија илјадници домови и земаа најмалку 24 жртви во околината на Лос Анџелес, пожарникарите имаа кратка можност да одморат откако се потсмири ветрот што го шири огнот, но прогнозата за следниот период не е поволна.

Доколку навистина се засилат ветровите, веќе изгорените домови и долини би можеле повторно да се разгорат, што ќе отвори можност за понатамошно ширење на пожарот, а состојбата би се искомплицирала и ако се појават нови пожари во регионот, објави агенцијата Асошејтед прес (АП).

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили
Подготвени сме за претстојниот налет на ветар, вели началникот на пожарникарите од округот Лос Анџелес, Ентони Мароне | Фото: CAL FIRE_Official, Public domain, via Wikimedia Commons

Бројот на загинати се зголеми од 16 на 24 доцна во неделата кога беше објавен медицинскиот преглед на округот Лос Анџелес. Уште најмалку 16 лица се водат како исчезнати, а властите велат дека и многу веројатно и овој број да се зголеми.

Сепак, релативно мирниот ден во неделата им овозможи на некои луѓе да се вратат во претходно евакуираните области.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување со црвено знаме за тешки услови за пожар до среда, со постојани ветрови од 80 км на час и налети во планините кои достигнуваат брзина од 70 милји на час (113 км на час). Најопасниот ден ќе биде вторник, предупреди аналитичарот Денис Барнс на состанокот на заедницата во неделата вечер.

„Некако ќе спадне и ќе биде стабилно  во текот на следниот период“. Но, утре вечер, навистина ќе се зголеми“, рече Барнс.

Началникот на пожарникарите во округот Лос Анџелес, Ентони Ц. Мароне, рече дека пристигнале 70 дополнителни камиони со вода за да им помогнат на пожарникарите да го спречат пламенот што го шират обновените налети.

„Подготвени сме за претстојниот налет на ветар“, рече Мароне.

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили
Осум смртни случаи се припишуваат на пожарот во Палисадес, а 16 на пожарот во Итон | Фото: CAL FIRE_Official, Public domain, via Wikimedia Commons

Жестоките ветрови од Санта Ана се главниот виновник за претворањето на шумските пожари од минатата недела во пеколни. Тие срамнија со земја цели населби низ градот каде што немаше значителни врнежи од дожд повеќе од осум месеци.

Дванаесет лица се водат за исчезнати во зоната на пожарот Итон, а четворица се водат за исчезнати од пожарот Палисадес, изјави шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна. Инспекторите проверуваа дали некои од исчезнатите можеби се меѓу загинатите. Досега нема деца меѓу пријавените исчезнати, додаде тој.

Во меѓувреме, бројот на загинати се искачи на 24 за време на викендот. Осум смртни случаи се припишуваат на пожарот во Палисадес, а 16 на пожарот во Итон, според канцеларијата на судскиот совет на округот Лос Анџелес.

Билансот би можел да се зголеми уште повеќе откако ќе завршат проверките со кучиња во изгорените населби. Властите формираа центар каде луѓето можеа да ги пријават исчезнатите.

Официјалните лица, исто така, градеа онлајн база на податоци за да им овозможат на евакуираните жители да видат дали нивните домови се оштетени или уништени. Во меѓувреме, началникот на пожарникарите на Лос Анџелес, Кристин Кроули, ги повика луѓето да се држат настрана од изгорените населби.

„Сè уште има активни пожари кои горат во областа Палисадес, што го прави овој дел од градот исклучително, исклучително опасен. Нема струја, нема вода, има скршени гасоводи и имаме нестабилни структури“, рече Кроули на брифингот во неделата наутро.

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили
Четири пожари зафатија повеќе од 160 квадратни километри, површина поголема од градот Сан Франциско | Фото: CAL FIRE_Official, Public domain, via Wikimedia Commons

Официјалните лица предупредија дека пепелта може да содржи олово, арсен, азбест и други штетни материи.

Околу 150.000 луѓе во округот Лос Анџелес останаа под наредба за евакуација, а повеќе од 700 жители се засолниле во девет засолништа.

Севкупно, четири пожари зафатија повеќе од 160 квадратни километри, површина поголема од Сан Франциско. Пожарот Палисадес беше 11 отсто локализиран, а до сега само 27 отсто од пожарот Итон е под контрола. Само тие два пожари се проширени на 59 квадратни милји (скоро 153 квадратни километри).

Екипи од Калифорнија и девет други држави се дел од тековната акција за гаснење на пожарите која вклучува речиси 1.400 противпожарни возила, 84 авиони и повеќе од 14.000 персонал, вклучително и новопристигнати пожарникари од Мексико.

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили
Според проценката на AccuWeather, штетата од пожарите може да достигне 150 милијарди американски долари | Фото: CAL FIRE_Official, Public domain, via Wikimedia Commons

Борба за спас на јавни и приватни површини

По жестоката битка во саботата, пожарникарите успеаја да го ограничат огнот во кањонот Мандевил, каде живее Арнолд Шварценегер и други познати личности во близина на Пацифик Палисадес, недалеку од брегот.

Пожарот помина низ ридовите и накратко се закануваше да го прескокне меѓудржавниот автопат 405 кон во густо населените области во Холивуд Хилс и долината Сан Фернандо.

Апсења за грабежи

Грабежите продолжија да предизвикуваат загриженост, а властите известуваа за повеќе апсења како што растеше пустошот.

Меѓу уапсените има две лица кои се претставувале како пожарникари кои влегуваат во куќите, изјави капетанот Мајкл Лоренц од полициската управа во Лос Анџелес.

Додека војниците на Националната гарда на Калифорнија ги чуваат имотите, гувернерот Гевин Њусом објави на X: „Калифорнија НЕ дозволува грабеж“.

Историска цена

Во пожарите што започнаа во вторникот минатата неледа северно од центарот на Лос Анџелес изгореа повеќе од 12.000 објекти. Не е утврдена причина за најголемите пожари. Раните проценки сугерираат дека тие би можеле да бидат најскапите досега, со штета од дури 150 милијарди долари според проценката на AccuWeather.

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили
Речиси 950 затворски пожарникари отстранувале дрва и грмушки пред пожарите за да го забават нивното ширење | Фото: CAL FIRE_Official, Public domain, via Wikimedia Commons

Затворени пожарникари на првите борбени линии

Заедно со екипажите од другите држави и Мексико, стотици затвореници од затворскиот систем во Калифорнија, исто така, помагаа во гаснењето на пожарите. Речиси 950 затворски пожарникари отстранувале дрва и грмушки пред пожарите за да го забават нивното ширење, според Калифорниското одделение за корекции и рехабилитација.

Практиката е контроверзна бидејќи затворениците се платени малку за опасна и тешка работа: 10,24 долари секој ден, со повеќе за 24-часовни смени, според одделот за корекции.

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили
Повеќе од 24.000 луѓе се пријавиле за федерална помош што е достапна со декларацијата за големи катастрофи од претседателот Џо Бајден | Фото: CAL FIRE_Official, Public domain, via Wikimedia Commons

Обновата ќе биде предизвик

Њусом во неделата издаде извршна наредба за брза обновата на регионот поради што суспендираше некои еколошки регулативи и осигура дека износитете на данокот на имот нема да растат.

„Мораме да им дадеме на луѓето до знаење дека им го чуваме грбот. Сакаме да се вратите, повторно да изградите и тоа со поквалитетни градежни стандарди, посовремени стандарди“, рече тој.

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас | Фото: City of Los Angeles, Public domain, via Wikimedia Commons

Според Белата куќа, повеќе од 24.000 луѓе се пријавиле за федерална помош што е достапна со декларацијата за големи катастрофи од претседателот Џо Бајден.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, во неделата изјави дека разговарала со претстојната администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и дека очекува тој да го посети градот.

Раководството обвинето за непостапување

Бас се соочува со критичен тест на нејзиното лидерство за време на најголемата криза во градот во последните децении. Но, веќе започнаа критиките за неуспех на раководството, политичка вина и барања за истрага. Њусом во петокот им нареди на државните службеници да утврдат зошто резервоар од 117 милиони галони (440 милиони литри) не бил во функција, а некои хидранти пресушиле.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп сака да го стави Појасот Газа под американска контрола

Трамп сака да го стави Појасот Газа под американска контрола

Американскиот претседател Трамп на средбата со израелскиот премиер Нетанјаху најави дека САД „ќе го преземат …