Танци Џубокс

Загреј се за Европското првенство во танци 2022 со Џубокс

Скопје е домаќин на овогодинешното Европско првенство во танци 2022. Во периодот од 02.07.2022 (сабота) до 05.07.2022 (вторник), Ист Гејт Мол ќе биде главната локација за претставување на најдобрите танцови вештини, како и вмрежување на голем број домашни и странски танчери. Главните атракции ќе бидат претстојните настапи на хип-хоп изведувачи во различни возрасни категории и групирања во неколку нивоа, а воедно планирани се и танцови натпревари и уникатни работилници за танци.

Како најава на првенството, кое ќе спои голем број на талентирани танчери од 20 европски земји, оваа сабота (21.05.2022) со почеток од 14:00 па сѐ до 16:00 часот, во Ист Гејт Мол во Скопје ќе се одржи несекојдневниот „Џубокс“ настан. Во главниот „центар“ на градот, танчерите ќе танцуваат на омилените песни на случајните минувачи и внесат оригинална свежина и вистинска викенд-забава низ коридорите во Ист Гејт Мол.

Eвропското првенство во танци 2022 им овозможува на талентираните млади да настапуваат и да се натпреваруваат во различни дисциплини, да го покажат својот талент, а воедно и да ја промовираат хип-хоп културата, којашто не познава граници и различни јазици, туку зборува најдобро на најдобриот начин разбирлив за сите националности, — преку моќта на танцувањето.

Посетителите и љубителите на хип-хопот ги очекува богата танцова и музичка програма, позитивна енергија и одлична атмосфера.

Скопје како центар на Европското првенство во танци 2022, со богат избор на разновидни културни и забавни содржини, достапни за сите, промовира позитивни општествени вредности, а со моќта на танцувањето како еден од најголемите промотори на културата, несомнено ќе ја зацврсти македонската гостопримливост на европската мапа.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …