Девет авиони итно ги променија рутите откако авиокомпании во Јужна Америка и Грција добиле закани за бомби. По истрагата е откриено дека нема експлозиви. Целиот инцидент следувал по добиени закани до различни авиокомпании и цивилните авијациски власти, а полицијата се обидува да го дознае нивното потекло, пишуваат странските медиуми.

„Отсекогаш сме наоѓале по некој напуштен куфер или торба, но ова е сосем различно“, вели Виктор Вилалобос Колао, директор на чилеанската цивилна авијација.

Според министерот за транспорт на Перу, никој не е повреден во инцидентите, ниту е пронајден експлозив.
На островот Крит во Грција германски авион итно слета на аеродром по закана за наводна бомба. Авионот со повеќе од 270 патници на релација Хургада-Диселрдоф слетал на Крит. Сите патници и 11-члениот екипаж безбедно го напуштиле авионот по слетувањето. Авионот бил придружуван од два воени авиони F-16 откако пилотот ја соопштил заканата и слетал без инцидент.

Извор: МЕТА