Закани за бомби во осум училишта во Скопје

Закани за бомби во осум училишта во Скопје

Осум училишта во Скопје и денеска добија дојави за поставени бомби. Околу 14 часот денеска во СВР – Скопје е пријавено дека на мејл адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, нагласуваат од МВР, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Дојави за поставени бомби вчера беа упатени преку мејл до осум средни скопски училишта, а по акцијата на полицијата, беше утврдено дека се лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно денеска изјави дека истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осумте скопски средни училишта е тек.

„Ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој додаде дека без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …