Закани за поставени бомби во 5 училишта во Скопје

Закани за поставени бомби во 5 училишта во Скопје

Во 5 училишта во Скопје на нивни електронски адреси, претпладнето биле испратени закани за поставени бомби, соопштија од МВР, од каде се наведува дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално, иста електронска порака била пратена во средните училишта „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …