Законот за спречување корупција го мина првото собраниско читање

Законот за спречување корупција го мина првото собраниско читање

На вчерашната 66-та седница, Собранието го усвои предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во прво читање. Законот предвидува нови, зголемени надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата, но и нови, многу построги критериуми за избор на нејзини членови.

За законот гласаа само пратениците од власта, додека пратениците од опозицијата се против новиот закон, а особено против критериумите и процедурата за избор на членови на Антикорупциската.

Опозицијата им се спротивстави на новите одредби уште во петокот, кога законот го разгледуваше собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Тогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, Ане Лашкоска и Невенка Стаменковска поднесоа 17 забелешки за текстот на законот, истакнувајќи дека „државната комисија не смее да биде истражен орган“. Пратениците се противеа на начинот на избор на членовите на Антикорупциската, на можноста комисијата да бара увид во банкарски сметки, да може да повика на разговор лице против кое води постапка, на одредбите според кои може да се пријави сомнеж за незаконско финансирање политичка партија.

Државната комисија за спречување корупција не функционира од март годинава, кога пет од седумте членови си дадоа оставки поради сомнежи за злоупотреби изнесени од Државниот завод за ревизија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кандидати кампања

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското …