Законот за заштита на Водно ќе се донесе догодина

Законот за заштита на Водно ќе се донесе догодина

Нереално беше да се очекува постапката околу донесувањето на законот за заштита на парк-шумата Водно да биде комплетирана за кусо време поради тоа што на донесувањето му претходат неколку фази за реализација вели Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на прашањето на „Мета“ зошто ова Министерство не си ја завршило обврската дадена од Владата уште во август годинава да изготви закон за заштита на Водно.

Тогаш Министерството за животна средина доби рок од 30 дена да го изготви текстот на законот со кој конечно ќе се уреди статусот на Водно и ќе се заштити од понатамошна урбанизација и уништување. Ова задолжение од Владата дојде откако летово граѓанските активисти протестираа против изградбата на гасоводната траса преку парк-шумата Водно и откако стана јасно дека тоа што статусот на оваа планина не е докрај законски решен, овозможило реализација на проекти со кои се уништува голем дел од вегетацијата и природните хабитати на Водно.

Дека постои политичка волја кај парламентарното мнозинство за донесување на овој закон потврди во интервјуто за „Мета“ и скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Парк-шумата Водно е во надлежност на градот, а законот треба да ги уреди обврските кои Град Скопје ќе ги има во однос на ова препознатливо градско обележје и рекреативна зона.

На донесувањето на законот за прогласување на Водно за заштитено подрачје ќе му претстои конечното финиширање на студијата за ре-валоризација на Водно и јавна расправа, а во склад со постоечките закони треба да биде донесен и План за управување со парк-шумата Водно. Во подготовка на овој закон партнер на Министерството е и УНДП.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …