пазар овошје зеленчук

Закупците на тезги во прилепскиот пазар бараат дислокација на „дивите“ продавачи

Заради проблеми во своето работење предизвикани од „дивите“ продавачи во централното градско подрачје но и во други делови од градот, продавачите и закупците на тезги во таканаречениот „зелен“ дел од прилепскиот пазар, упатија барање до локалната самоуправа и градоначалникот Борче Јовчески, за решавање на нивниот проблем.

Како што вели претседателот на здружението „ПАЗАРИ“ од Прилеп, Николче Трајкоски, сите тие со ЈКП „Пазари“ имаат потпишано договори за закуп, кои гарантираат продажба на нивните земјоделски производи преку целата година.

Своите барања прилепските пазарџии ги сведоа во три точки:

  1. Согласно законските прописи, надлежните органи веднаш да извршат дислокација на сите „диви“ продавачи од непосредната околина на пазарот и од другите делови на градот, на соодветна локација предвидена за таква намена (поранешен Кванташки пазар или на слободните тезги во пазарот кои ги има во голем број);
  2. Доследно почитување од страна на раководството на ЈКП „Пазари“ на сите точки од договорите кои ги имаме потпишано со ова јавно претпријатие. Сите ние сме легално пријавени во УЈП, редовно ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок, исто како и закупнината предвидена со договорите со ЈКП „Пазари“;
  3. Локалната самоуправа и сите инспекторати кои што работат во нејзин склоп а имаат ингеренции во решавање на ваков или сличен проблем, да се завземат и да го решат нашиот проблем на долгорочен план, се’ со цел подобрување на функцијата на пазарот и негово рационално искористување по основ на закуп на тезги.

Доколку барањата на прилепските пазарџии не бидат исполнети, од здружението најавуваат преземање на радикални мерки во форма на протести и организирана граѓанска непослушност.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …