Заменик министерката Наумовска и градоначалникот Јованоски на средба со директорите на прилепските основни и средни училишта

Во работна посета на Прилеп денеска престојуваше заменик министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска. Заедно со градоначалникот Илија Јованоски, Наумовска оствари средба со директорите на основните и средните училишта од општина Прилеп, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочија учениците и наставничкиот кадар при реализацијата на онлајн наставата.

Тема на разговор беа и уписите во училиштата, како и припремите кои ги прави Министерството за образование и наука за новата учебна година.

Од причина што е очигледно дека со пандемијата ќе треба да живееме подолго време, како што истакна заменик министерката, во Министерството се разгледуваат повеќе идеи за начинот на кој ќе се изведува наставата во услови на КОВИД-19.

Заменик министерката за образование и наука изрази задоволство од финансиската и логистичката поддршка која Општина Прилеп и градоначалникот им ја даваат на училиштата, тренд кој, како што потенцираше градоначалникот Јованоски, ќе продолжи и во следната учебна година.

Заменик министерката Наумовска и градоначалникот Јованоски го посетија СОУ „Орде Чопела“, кое е влезено во Програмата на Министерството за образование и наука за реконструкција на средните училишта.

Како што нагласи директорката на училиштето Анета Пејоска, со средства во висина од 2.460.000,00 денари ќе се изврши комплетна реконструкција на санитарните јазли за учениците. Јавната набавка е завршена, потпишан е договорот со изведувачот, што значи дека новата учебна година СОУ „Орде Чопела“ ќе ја дочека со целосно реконструирани тоалети.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …