Заменикот-министер за образование Лулзим Алиу во посета на прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“

Заменикот-министер за образование Лулзим Алиу во посета на прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“

Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, која Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, денеска во посета на СОУ „Ѓорче Петров” во Прилеп престојуваше заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу.

Заменикот-министер за образование и наука се запозна со образовните профили, наставните програми и условите за едукација кои прилепското средно училиште ги нуди за учебната 2022-2023 година.

„Пред заменик-министерот Лулзим Алиу ги презентиравме сите профили кои ги имаме во училиштето, со посебен акцент на двете дуални паралелки – ракувач со рударски машини во рударско геолошката струка и техничар за изработка на облека/техничар за моделирање на облека, како и со компаниите кои ќе бидат вклучени во реализација на практичната обука во дуалните паралелки“, вели Петра Лукароска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“.

Посетата на СОУ „Ѓорче Петров“, заменикот-министер Алиу ја искористи да направи увид во тековните градежни активности кои во училиштето се изведуваат со средства од МОН во висина од над 200.000 евра, со што значително се подобруваат условите за изведување и следење на комплетниот воспитно-образовен процес.

Прочитајте повеќе

Дамева

Тубуленции во Судскиот совет: Дамева поднесе оставка

На прес-конференција во Скопје, Весна Дамева посочи дека нема слух за подобрување на состојбите во …