Милена Дравиќ, една од најголемите српски актерки, почина ноќеска во Белград на 79 години, по долго и тешко боледување.

Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.

Дравиќ ја доби наградата за најдобра споредна улога на Канскиот фестивал, специјалната награда Златна роза на Филмскиот фестивал во Венеција, како и најспрестижните награди на екс југословенските простори.

Поради тоа ја сметаат за најголема ѕвезда во историјата на српската и на југословенската кинематографија.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа еден од најомилените актерски двојки на просторите на поранешна Југославија. Тие речиси целиот свој работен и животен век го поминаа заедно. Во брак беа четири ипол децении.

Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

Извор: Нова ТВ