• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Заминувањето на “уметникот“ на кажаниот збор: Рече и остана жив!

      4/1/2018
      Авторски
      Заминувањето на “уметникот“ на кажаниот збор: Рече и остана жив!

      Пишува: Зоран Милошески

      После скоро 13 години поминати на чело на ЈКП „Комуналец“- Прилеп, од директорската функција и од јавната сцена замина Златко Ристески – Џекчето, првиот братучед на исто така неодамна заминатиот…од јавната сцена, де… екс-градоначалник Марјан Ристески.

      Извесен период, на почетокот на минатата година, страниците на ПУБЛИКУМ ги красеше рубриката „Рече и остана жив“, во која главен јунак беше токму Џекчето. Единствената причина поради која му посветивме внимание беше неговата вонсериска “елоквентност“, која го направи славен многу пошироко од границите на Општина Прилеп. Во чест на неговото “абдицирање“, ќе се потсетиме на дел од неговите настапи на седниците на Советот на Општина Прилеп, каде од говорницата ги објаснуваше политиките на фирмата која ја раководеше, или пак, едноставно, се расправаше со советниците од поранешната опозиција.

      Пред да го прочитате неговото „the best of“, направивме избор од одговорите кои Златко Ристески-Џекчето ги даде во интервју за еден локален весник, во кое Џекчето го изјави и следното:

      • Градевме град, правевме град, макотрпно создававме убавини. Работевме и кога не требаше да се работи. Работевме и само работевме.
      • Од фирма со 160 вработени, денес сме гордост на градот со 400 вработени, без некој да нѐ финансира.
      • Мојот домаќинлак е насекаде низ градот. Кога дојдов за директор начекав борч од 60 мил. денари. Го има и сега толку. Ама го има со преголема работа и инвестиции.
      • За тужбите, да ми простат вработените, ама се однесуваат како пијани милионери.
      • Тужат и оние, на кои вчера сум им потпишал решение. Партијата, од гревот згора, му дала место во Комуналец. Точно е дека поттик им даде СДСМ со два-тројца, на кои влакно не им фалеше. Но Комуналец е фирма со најпаметни вработени и со „ќораво и мораво“.
      • Еден вработен зема 14.500 ден. за месец. Кажете ми една фирма што исплаќа вакви плати со „трето ноќно“?

      Ете такво беше мислењето на екс-директорот на прилепски „Комуналец“ за своите вработени. Следува изборот од неговиот богат “опус“ кажан на седниците на Советот на Општина Прилеп.

                  Овој го пушти пред мене, зошто не ме пушти мене

      Еве зошто се донесла одлука да се наплаќа влезот со автомобили во градските гробишта во Прилеп:

      „Основната цел беше имавме голем притисок при влезот на капијата. Кога и во тоа време и сега, некогаш даваме дозволи за стари и изнемоштени, повредени луѓе влегуваа. Меѓутоа, влегувајќи тие едните позади друг, не ги гледаат зошто ги пуштаа и вика овој го пушти пред мене, а зошто не ме пушти мене. Имавме од раководството и од вработените големи поплаки и критики. Доаѓаа до вербални кавги и до немили сцени и тоа од тој мотив да се заштитат луѓето што работат на капија, а граѓаните свесни, а реалноста таа е таму додека повикаат полиција ќе се случат немили настани од предострожност тогаш кога ние ја носевме одлуката, најосновен мотив беше притисокот на капијата, да го пуштат, да не го пуштат, кавги, тепачки имаше“.

      Зошто се намалиле инвестициите? Затоа што немало инвестиции…рече Џекчето:

      „Што се однесува на трошоците, точно е инвестициите ги намаливме оти немаме инвестиција и ние имаме добар менаџерски тим, кога во која мера, како треба да се влези во инвестиција, а само инвестицијата ја одржува фирмата. Онаа фирма што инвестира ќе успее, онаа фирма што не инвестира, полека амортизацијата ќе ја турни фирмата во неповрат“.

      Како ќе се финансира изградбата на компостарата? Еве вака:

      „Не ги мешаме парите од јавно прометните, тие што се добиваат од Општината како субвенција за извршена работа не ги мешаме, овие пари од самата сметка што остануваат, ќе се финансираат во самиот оддел отпад во примарната селекција првата, втората и третата фаза компостарата. Значи не ги мешаме ние внатрешно трошоците да ги прелеваме. До порано ги  прелевавме.

      Ве интересира колкав број вработени и во колку смени ќе работат таму?

      „Во оваа фабрика во една смена 50 вработени треба да работат и пошто новиот отпад денешниот ќе се преработува во смена и половина, две и пол смени, пошто ќе работат 4 смени, ќе го преработува старата депонија. Значи ќе мораме во тие 3-4 месеци да ги обучиме луѓето и ќе влезиме, ќе вработи 200 вработени нови со самофинансирање без пари да им се даде за тој дел“.

                  Скопје нема метри кубни, а Прилеп има и тони и метра кубни

      Советниците го прашаа Џекчето за начинот на кој „Комуналец“ ја спроведува Програмата за управување со отпад? Еве го одговорот:

      „Програмата точно ја кажа сортирање и депонирање на отпад. Во тоа се состои примарна селекција, а до кај сне дојдени како сне дојдени ќе објасниме. Значи имате таму вкупни количини, имате релации, се потрудуваме оваа Програма да ја докомплетираме не само со тони туку килограми и метра кубни. Само Скопје мери, ама нема метри кубни. А Прилеп има и тони и метра кубни. Не можете да најдете програма со 2 димензии во Македонија, нема никој со ред во Македонија не постои. Единствено само Прилеп ги има три мери додека другите вредности што се јавуваат во други градови се по други методи, значи врз база на овие податоци може да се димензионира како ќе се креваат отпадоците кај сите граѓани точно во кој ден. Разликата е само 10 минути напред назад. Значи кога ќе дојде камионот ако е 9 часот, може да касни 9 и 10 часот или 9 без десет, всушност ако е дефект камионот додека се врати и дојде другиот, само тогаш не е во точното време инаку само 10 минути може да биде разликата. Точно се тука наведени по улици си ги знаат граѓаните. Улиците си ги знаат, може да прочитаат и точно да знаат без никого да прашаат“.

      Граѓаните имаа забелешки дека вработените во јавното претпријатие работните задачи ги извршувале во маици со партиските симболи на ВМРО-ДПМНЕ.

      „Значи ние редовно ХТЗ опрема набавуваме. Е сега дали? Претежно во летниот период ги делиме и облеките. Има период и со кратки ракавчиња значи едно, две, меѓутоа, да. мојата работна задача е да ги носат тие одела. И ако ги носат тие одела ќе биде сето другото покриено. Е сега вероватно во летниов период некогаш го извалкале, неизвалкале, ако ја ставил партиската и во случајов јас кога ќе го видам го санкционирам. Меѓутоа, тоа е тоа културниот дел. Меѓутоа, тие по законот треба да си ги носат оделата“.

                  Во прва смена 8-10, за стражарот, за втора меѓу трета

      Еве нешто за исплатата на К-15, за свеста и совеста на вработените:

      „Што се однесува до К-15 веќе и го плаќаме редовно почнавме и да го стасуваме, останува помал дел, можете и да видите што значи дека се подобрува таа состојба, ние сме фирма 400 души. Па викаме совесни вработени никаде нема, секогаш ќе се јавува дел. Меѓутоа, заедно со раководството да го притегнеме тој систем. Меѓутоа, решението не е тоа. Да го стасаме начинот на наплата, значи бодот да не го креваме пошто сакаат да земаат К-15, еве ви К-15 кај што губат вработените. А ако оставеа на бодот им одеше пензиско и здравствено ќе одеше ставката ваква еднократно за персонален данок, оди кај К-15. Некој ги омана тука вработените“,

      Ова, искрено, не знам на што се однесува:

      „Имаше ова за работна рака тоа 80.000 денари, а тоа и минатиот пат го објаснив. Значи кога имаме тендер имаме и со услуга и со работна рака, која рече за механичари за да ги задоволат потребите посебно кај специјалните возила го даваме на услуга на друга фирма, која ни е на тендер, да го изврши тој механички дел врз база на тој е работната рака. И тоа е 80.000 денари за три месеци по 20.000 денари за месечно, вероватно. Јас толку“.

      За тендерите за такси и за мобилните телефони:

      „Што се однесува за такси возења сме потрошиле пари, точно е со тендер кој најдобар економски оператор за втора трета смена на гробишта и за депонијата, во прва смена 8-10, за стражарот, за втора меѓу трета, а ако сакате и за ова фото копија ќе ви дадеме од тендерот за такси.

      Во врска со мобилните телефони, се 80 мобилни телефони, а ми се чини дека најевтин пакет беше 24 сати дофат во пакет, 80 телефони пошто имаме 62 возила за да не го бараме дома човекот, па пошол на нива, најевтина и брза услуга пошто имаме операции дојди ваму појди таму, 80 мобилни телефони пошто тука има и раководството“.

      За возниот парк на „Комуналец“:

      „Да возниот парк е застарен и ние не сме лоши и многу подобри од другите јавни претпријатија и понатаму продолжуваме, меѓутоа, се расипуваат и новите се расипуваат. Секогаш нешто има, црево, масло, технички преглед. Размислете 3 луѓе решаваат 64 возила и јас му викам алав ви вера на тие што го работат и беспрекорно е кренат отпадот од сите граѓани, од сите улици во точен датум, во точен ден, 10-15 минути напред или назад. И од сите правни субјекти и од цел град овие несовесните граѓани што го фрлаат. Не постои подобра организација организирана и ако стари се возилата и ефикасно се одржува“.

      Овде Џекчето објаснува нешто за приходи, раст…така нешто:

      „Оваа година од отпад на годишно ниво се 6.400.000 денари од продажба на отпад без ДДВ, а лани беше со ДДВ 5.000.000 денари. Ако на 5.000.000 ДДВ-то го извадите, приходот би бил 4.000.000 и нешто. Значи имаме рипање, раст од 4.200.000 на 6.400.000 денари. Го проектираме на 7.000.000 денари, меѓутоа, е планирање, очекуваме до 8.000.000 денари да дојдеме, ако го гледаме растот“.

      За крај, уште еднаш да напоменам дека, верувале вие или не, ама дискусиите на доскорешниот прв човек на ЈКП „Комуналец“ Златко Ристески – Џекчето се преземени од официјалните записници од седниците на Советот на Општина Прилеп и истите се пренесени во интегрална форма, без никакви интервенции во текстот.

       

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Коѕиас: Спорот за името може да биде решен оваа година
      Следно
      Коѕиас: Спорот за името може да биде решен оваа година
      Караџовски: Хроника на едно салто мортале, како “инфантилното“ СЈО го смести во ЈО
      Претходно
      Караџовски: Хроника на едно салто мортале, како “инфантилното“ СЈО го смести во ЈО

      Слично

      • 22/2/2019

        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува

        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        19/2/2019

        “Глогов колец“ во срцето на СЈО

        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        18/2/2019

        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување

        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
      • Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        Почитувај ја функцијата, не мора личноста што ја извршува
        22/2/2019
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА