дрога кокаин заплена

Запленети 161 килограми кокаин во Солун, во заедничка акција на грчката и македонската полиција (ВИДЕО)

Вчерашната акција е продолжение на успешната акција од 8 и 9 мај годинава, кога во Солун беа запленети 105 кг кокаин

На 02.06.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во соработка и со заедничка меѓународна истрага со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција, Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, успешно е реализирана заедничка операција на недозволена трговија со кокаин, при што во Солун се запленети 161 килограми кокаин.

Вчерашната акција е продолжение на успешната акција од 08 и 09.05 2023 година кога во Солун беа запленети 105 кг кокаин и беа лишени од слобода 10 лица во Грција, и тоа 7 лица државјани на Република Грција и 3 лица државјани на Република Албанија, додека во Република Северна Македонија беа лишени од слобода 4 лица, наши државјани, кои во моментот се притворени и се наоѓаат во истражниот затвор Скопје.

Вчерашната операција е резултат на продолжување на истрагата во двете земји и меѓусебната размена на сите информации поврзани со членовите на меѓународната криминална група. Имено, во рамки на проверките за лицата и фирмите кои беа инволвирани во првиот случај на заплена на 105 кг кокаин, беше утврдено дека веќе лишените лица нарачале и организирале и втора, нова количина на кокаин од Еквадор. Во соработка со Службата за дрога од Солун беа утврдени контејнерите, по што по нивното пристигнување на пристаништето во Солун истите беа предмет на контрола.

На 02.06.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога, заедно со грчките колеги на пристаништето во Солун презедоа заеднички активности за откривање и вадење на наркотичната дрога кокаин во количина од 100 пакувања, односно во секој контејнер биле пронајдени по 50 пакувања со кокаин, со вкупна тежина од 161 килограм. Притоа, кокаинот беше пронајден во специјално направени бункери – крипти во шините од подот на двата контејнера.

Одделот за крим-полиција во текот на следната недела ќе достави известување до надлежниот Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш покажа и со своите активности докажа дека бескомпромисната борба за спречување на шверцот со наркотици останува врвен приоритет, а со одличната соработка со полициите од другите држави е признаен и почитуван меѓународен партнер, насочен кон сузбивање на оваа појава на глобален и меѓународен план.

Извор:МВР

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …