Мојддв

Започна исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки од октомври до декември 2019

Управата за јавни приходи (УЈП) ја започна исплатата за скенираните фискални сметки од второто тримесечје во рамките на „Мој ДДВ“. Средства на трансакциските сметки ќе добијат оние граѓани кои скенирале сметки во периодот од октомври до декември 2019 година, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.

За второто тримесечје од „Мој ДДВ“ предвидено е на сметките на граѓаните да легнат 3.871.000 евра. Од УЈП веќе информираа дека расте бројот на граѓани што скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Само во јануари 2020 година имало 23.387 нови корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. За првото тримесечје од „Мој ДДВ“ веќе им е исплатен повратот на ДДВ на 144.601 граѓани кои внеле валидни трансакциски сметки.

Директорката на УЈП денес повторно побара од граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки внесени во апликацијата „Мој ДДВ“. Доколку не ги внеле своите податоци или имаат погрешни бројки од нивната трансакциска сметка, тогаш граѓаните треба да ги корегираат податоците за да се овозможи навремена исплата на повратот на ДДВ за периодот октомври – декември 2019 година.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …