Започна изградбата на канализациона и водоводна мрежа на улица „Петричка“ во Маџир Маало

Започна изградбата на канализациона и водоводна мрежа на улица „Петричка“ во Маџир Маало

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска го означија почетокот на изградба на канализациона и водоводна мрежа на улицата „Петричка“ во скопската општина Центар.

Проектот предвидува изградба на колектор за фекална канализација во должина од 250 метри, како и реконструкција на водоводна мрежа во должина од 263 метри. Инвестицијата е 8 милиони денари.

„Заеднички започнуваме со изградба на канализациона и атсмосферска мрежа како и реконструкција на водоводната мрежа по улица Петричка во вкупна должина од околу 500 метри.  Изградбата отпочнува денеска и според проектот треба да биде завршена март следната година, така да жителите за 6 месеци од сега, ќе добијат подобри услови за живот. За мене, а верувам дека ќе се сложите и вие, е незамисливо во 21 век да се нема канализација или водовод. Ние ветивме дека во секое населено место каде што нема канализација или водовод ќе изградиме. Ова е тоа што го ветувавме да го зголемиме процентот на покриеност со водоводна и канализациона мрежа на ниво на цела држава”, изјави министерот Сугарески.

Тој потенцираше дека во моментов се работи на изградба и реконструкција на преку дваесетина водоводи и канализации  и најави подготвка на јавни повици за уште десетина проекти од комуналната инфраструктура.

За градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ овој проект е од исклучително значење бидејќи се решава еден крупен проблем со жителите на оваа улица во Маџир Маало.

„Ваков капитален проект овде немало педесетина години. Добро е што централната власт дава грант средства на општините за реализација на проекти со кои ќе го подобриме живеењето на граѓаните”, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …