Започна откупот на тутунот, 4.700 договори повеќе од ланската реколта

Започна откупот на тутунот, 4.700 договори повеќе од ланската реколта

Денеска започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година. Според базата на податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до денеска се отворени 195 откупни пунктови, на кои што тутунарите можат да го предаваат тутунот.

Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со девет откупни претпријатија. Подрачните единици на МЗШВ, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун.

Споредено со реколтата 2017, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани и се склучени над 4.700 повеќе договори од ланската реколта. Годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.

„Овие податоци покажуваат пораст на тутунопроизводството.Ова особено се должи на историски највисoките откупни цени на тутунот од реколтата 2017, за кој што просечната откупна цена достигна 217,6 ден за килограм, но и на новиот модел за зголемени субвенции во три ниво.

Целосно подготвениот нов Закон за тутун кој влегува во владина процедура и очекуваме до крајот на годинава да ја помине и собраниската процедура, ќе придонесе за добри показатели за овој значаен сектор кој носи девизен прилив 100 милиони евра и егзистенција за над 23.000 семејства“, изјави министерот Љупчо Николовски.

Тој потенцираше дека оваа година се исплатија над 28 милиони евра, по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 и тоа за првпат навремено, кога им беа најпотребни на тутунарите. Со новиот модел на зголемени субвенции, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Николовски посочи дека со новиот Закон за тутун, се очекува укинување на евидентни листови, но дека целата процедура ќе се прави внимателни и постепено, заради тоа што се потребни софтверски надградби и одредено време за прилагодување.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …