Започна пријавувањето за годинешниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2019“ во Прилеп

Започна пријавувањето за годинешниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2019“ во Прилеп

Општина Прилеп и Локален спортски сојуз-Прилеп, се организатори на традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“, кој годинава ќе се одржи од 10 до 25 декември. Пријавувањето е до 7.12.2019 година. Турнирот има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на Дејан Најдоски од Прилеп.

Жребувањето ќе се одржи на 7.12.2019 во 18 часот во големата сала на Општина Прилеп.

Котизација за екипи:

За сениори: 5.000 денари;

За пионери: 1.500 денари (Категории: 2005-2006, 2007-2008, 2009 и 2010 и помали);

За ветерани: 3.000 денари.

Со уплата на котизацијата, секоја екипа има обврска да пријави најмалку 8 играчи во пријавниот лист. Празни пријави и упатство може да подигнете од приемното одделение на Општина Прилеп.

Пополнетите пријави со уплатница се доставуваат во приемното одделение на Општина Прилеп.

Уплата:

Цел на дознака: Котизација за учество на турнир во мал фудбал „Свети Никола 2019“

Назив на примачот: Локален спортски сојуз- Прилеп

Сметка на примачот: 370051200218225

Банка на примачот: Еуростандард банка АД Скопје

Дополнителни информации:

Општина Прилеп – тел: 078361534, email: oppp@prilep.gov.mk.

Локален спортски сојуз – Прилеп- тел: 076542320

 

ПРИЈАВА

Прочитајте повеќе

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

На прес-конференција за Предлог-законот за високо образование, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека образованието со години …