Започна „Prilep Special Show“

Започна „Prilep Special Show“

Над 150 учесници, фризери, бербери и козметичари од Македонија и странство
се дел од големиот спектакл „Prilep Special Show“ кој започна синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Организатор на настанот е
здружението на фризери, бербери и козметичари од Прилеп. Оваа
манифестација за прв пат се одржа минатата година и предизвика огромен
интерес кај јавноста затоа што е единствен настан од ваков вид во Македонија.
„ Prilep Special Show“  кој ќе трае два дена ја отвори градоначалникот Илија
Јованоски.

„Задоволство ми е што денеска присуствувам на второто издание на „Прилеп
Спешл Шоу“. Му честитам на прилепското Здружение на фризери, бербери и
козметичари за организацијата на овој Саем за коса и убавина, којшто овој пат
добива меѓународни димензии. Ги поздравувам сите учесници од градот и
државата, но и гостите од Словенија, Србија, Косово и Грција. Овде се
најдобрите фризери од овие држави. На сите вас ви е доверена грижата за
стајлингот, за убавината на фризурите, на мејкапот на вашите сограѓани. Ви
посакувам пријатно дружење, совладување на нови фризерски и мејкап
вештини. Ви посакувам креативност, но и многу забава“, посои
градоначалникот Јованоски.

Според организаторите овој настан претставува пред се’ добра забава,
дружење и многу креативност.

„Денеска се наоѓаме во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ каде се одржува
вториот по ред „Prilep Special Show“. Целта на овој настан е сите фризери,
бербери, козметиари да се соберат на едно место да ги покажат нивните
најдобри способности пред цела публика и пред цела јавност од Македонија и
пошироко. Годинешната манифестација ја направивме од интернационален
карактер, а најбитно е што ја отворивме со учениците од нашето училиште од
каде водиме сите корени“, посочи Сузана Релушковска, организатор на
настанот.

Во овие два дена посетителите ќе може да уживаат во сценографијата
одбрана од филм по нивна желба која преку фризури, шминка и гардероба ќе
биде доловена на сцената. Утре е едукативната работилница и забава за сите
учесници.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …