Започна пролетниот параглајдинг куп „Крушево 2019“

Од денеска, официјално започна пролетниот параглајдин куп „Крушево 2019“. Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски на учесниците им посака добредојде и вети натамошно уредување и осовременување на полетувалиштето.

„Сакам да ви посакам добредојде во нашиот град и успешен натпревар. Општина Крушево аплицира на многу проекти со чија помош инфраструктурно ќе го доуреди полетувалиштето и ќе го направи попрофесионално и побезбедно“, порача Христоски од Инфо центарот за авантуристички туризам во Крушево.

По краткото обраќање натпреварувачите се упатија кон полетувалиштето на Мечкин Камен од каде во наредните 7 дена ќе полетуваат и ќе се натпреваруваат меѓусебно.

Пролетен меѓународен параглајдинг куп „Крушево 2019“, е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од Европска Унија, имплементиран од Кабинетот на заменик министерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево, додека Светска Банка се јавува како администратор на проектот.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …