Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата.
Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар.
По оваа фаза, ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место