Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Мице Козар“

Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Мице Козар“

Денеска започна реконструкцијата на дел од улицата „Мице Козар“ во должина од 300 метра. Станува збор за една од најфреквентните и најоштетените улици во градот, по која се движат и тешки товарни возила кои превезуваат мермерни блокови од рудникот „Сивец“.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, рече дека со реконструкцијата на оваа исклучително важна сообраќајница која ќе трае петнаесетина денови, значително ќе се подобри безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Мице Козар“„Покрај целосната реконструкција на делот од ‘Мице Козар’ во должина од 300 метра, Општина Прилеп продолжува со реконструкција и рехабилитација и на повеќе други улици во градот. Во текот на следната недела ќе започне асфалтирањето на кејовите ‘9.Септември’ и ‘1.Мај’, а со забрзано темпо продолжуваат и активностите за изградба на улицата ‘Целе Мавроски’. Истовремено, при крај е поставувањето на бекатон плочки на тротоарите од двете страни на улицата ‘Тризла’, а од понеделник започнува и комплетната реконструкција на улицата ‘Трајко Николоски’, на потегот од новиот мост кај ‘Сточен пазар’, до улицата ‘Александар Македонски’, истакна градоначалникот Јованоски.

Јованоски потенцираше дека до крајот на градежната сезона ќе бидат реконструирани, рехабилитирани и изградени сите улици кои беа предвидени во Програмата на општина Прилеп за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за тековната 2021 година.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …