Започнаа градежните работи за рехабилитација на улицата „Октомвриска“

Започнаа градежните работи за рехабилитација на улицата „Октомвриска“

На улицата „Октомвриска“ во УЗ „Гоце Делчев“, денеска започна гребењето на постојната асфалтна површина, после што следува поставување нов асфалт на улицата во целата нејзина должина.

Започнаа градежните работи за рехабилитација на улицата „Октомвриска“„Оваа улица е во должина од околу 600 метра, на која ќе се постави асфалт на вкупна површина од над 3.000 м2. Со тоа овој дел од градот ќе добие лик на вистинска урбана заедница, затоа што минатата година ја рехабилитиравме улицата ‘Петта Прилепска бригада’, која е паралелна на ‘Октомвриска’. Сигурен сум дека граѓаните ќе го препознаат нашето работење, а ние ќе продолжиме со исто темпо и во идниот период ќе ги рехабилитираме сите улици во нашиот град“, изјави градоначалникот Илија Јованоски, за време на денешниот увид во градежните активности на улицата „Октомвриска“.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, го искажа задоволството од инвестирањето во патната и комуналната инфраструктура во сите општини во државата.

„Во општина Прилеп многу се инвестира и во патната, и во комуналната инфраструктура од страна на ЈКП ‘Водовод и канализација’ и локалната самоуправа, која сакам уште еднаш јавно да ја пофалам, бидејќи само во последниве неколку месеци се направија улици и Започнаа градежните работи за рехабилитација на улицата „Октомвриска“патишта во должина од 25 километри. Исто така сакам да потенцирам дека Министерството за транспорт и врски ја помага работата на Општина Прилеп, на начин што преку 1.2 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградба на локални патишта и улици. Следниот месец очекуваме да почне изградбата на канализацијата во населеното место Мало Коњари, а сакам да потенцирам дека од се’ што во моментов се прави во и околу Прилеп, вклучително и гасификациониот систем, граѓаните од поширокиот регион во наредниот период ќе видат вистински и суштински бенефит“, потенцираше Сугарески.

Задоволството од комплетната реконструција и поставувањето нов асфалт не го криеја ниту жителите на улицата „Октомвриска“.

„Беше слаб асфалтот, подлогата беше слаба. Улицата е двапати копана, еднаш за поставување асфалт и после за канализација. Ова беше најзапоставена улица, не беше поправана, асфалтот беше испукан. Ова што ќе се направи ќе биде убаво“, вели еден од најстарите жители на улицата, Пејко Костески.

Прочитајте повеќе

САД загрижени за предлог закон за странски агенти во Црна Гора

САД загрижени за предлог закон за странски агенти во Црна Гора

Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени за можните последици што предложениот закон за странски агенти …