Започнати се консултации за измени на законите за вработените во јавниот сектор

Започнати се консултации за измени на законите за вработените во јавниот сектор

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) организираше работилница, со цел започнување на консултативниот процес за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.

Како што истакна, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, на оваа работилница, институциите кои се опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор имаа можност да ги претстават ставовите и предлозите во однос на прашањата кои во текот на изминатиот период на имплементација предизвикаа различни гледишта и толкувања.

„Тоа се прашањата за опфатот на институциите од јавниот сектор, класификацијата на вработените,  нивните права и должности, Каталогот на работни места, актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Регистарот на вработените, изготвувањето на годишните планови за вработување, видовите на вработувања како и мобилноста во јавниот сектор. Очекувањата од оваа работилница се отворено да се дебатира за сите отворени прашања што ги засегаат институциите опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор. Од заклучоците ќе произлезат препораките за измени на овие два закони“, се вели во соопштението на МИОА.

Ова е втора работилница од овој тип, во организација на МИОА.  Врз основа на претходните дискусии беа идентификувани клучните проблеми во имплементацијата на законите и беа предложени решенија за нивно надминување.

Работилницата се одржува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како традиционален партнер на министерството во бројни активности поврзани со реформата на јавната администрација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …