Европско првенство во танци 2022

Започнува Европското првенство во танци 2022

Европското првенство во танци 2022, во наредните неколку дена (02.07.2022-05.07.2022) со добра причина, ќе ги обедини најдобрите танчери од Европа во пријателска, семејна атмосфера каде што секој може да дојде и да открие хип хоп танц, да се восхитува на спектакуларните изведби на танчерите.

На првенството кое ќе се оддржи во Ист Гејт и СЦ Јане Сандански, преку 3000 танчери од Србија, Црна Гора, Италија, Молдавија, Велика Британија, Турција, Словенија и многу други држави, ќе ги покажат своите најдобри потези за да се претстават себеси, својата екипа и својата земја преку хип-хоп битки. Битките ќе се одвиваат под добронамерен поглед на реномирано жири.

Скопје, како домаќин на Европското првенство во танци 2022 ќе спои танцови уметници и кореографи од цела Европа за да го споделат најдоброто од хип-хипот со публиката, а во недела (03.07.2022), во склоп на првенството, Сара Јовановиќ, позната како Сара Jо, која е една од најпрепознатливите имиња на регионалната поп и хип-хоп сцена ќе направи спектакл за памтење.

Затоа, запамтете ги датумите и подгответе се да доживеете енергична мешавина на визуелен театар, музика во живо, видео интеракции, моќно лично сведочење, неверојатен танц и многу повеќе.

Европското првенство во танци 2022 ќе биде искуство со нон-стоп музика, танцување и добри вибрации.

Прочитајте повеќе

Мозоци од обдукциска сала во Скопје до лаборатории во САД

Мозоци од обдукциска сала во Скопје до лаборатории во САД

Македонија била вклучена во проектот кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри …