Започнува имунизацијата на децата, со „Фајзер“ ќе се вакцинираат 1.800 адолесценти

Започнува имунизацијата на децата, со „Фајзер“ ќе се вакцинираат 1.800 адолесценти

Министерството за здравство апелира за што помасовна имунизирација за да се спречи нов бран и ширењето на опасниот Делта сој.

Од денеска започнува имунизацијата на децата од 12 до 17 години во Северна Македонија. Досега интерес за вакцинација искажале околу 1.800 деца, од кои најголемиот дел се од Скопје. Тие ќе се вакцинираат со „Фајзер“, којашто е единствена вакцина во моментов што е дозволена да се користи за деца на оваа возраст.

Вакцинацијата против Ковид-19 нема да биде задолжителна во Северна Македонија, но е неопходна за да се постигне колективен имунитет. Родителите со своите деца може по своја волја да се појават директно на пунктовите за вакцинација, а во здравствените домови ќе бидат достапни и педијатри за советување.

Досега се вакцинирани вкупно 453 773 граѓани од кои втора доза примиле 272 129.

Министерството за здравство апелира до населението што помасовно да се имунизира бидејќи тоа е единствениот начин да се избегне нов силен бран и ширење на опасниот Делта сој.

 Делта сојот се шири 

Последните анализи покажуваат дека новиот Делта сој на вирусот масовно се шири кај невакцинираното население во светот. Според последните податоци, дури 84 отсто од новозаразените во Холандија се невакцинирани, а 10 отсто се вакцинирани само со една доза.

„Во Обединетото Кралство скоро две третини од луѓето заразени со Делта сојот на Ковид-19 и повеќе од половина починати, воопшто не биле вакцинирани. Шпанија бележи значителен пораст на нови случаи кај млади невакцинирани лица. Овие податоци укажуваат на тоа дека за да ставиме крај на пандемијата мора да вакцинираме што поголем број граѓани, друг пат не постои. Вакцините се високо ефикасни и за новите соеви и единствена заштита која ја имаме“, укажува министерот за здравство, Венко Филипче.

Рестрикции

Надлежните најавија можни реастрикции од есен за оие коишто нема да се вакцинираат. Во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани. За влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување на вакцинален сертификат. „Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои се уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо. Вакцините се безбедни и ефикасни, само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид пандемија“, порача деновиве Филипче.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …