Запрена постапката за избор на градоначалник на Маврово Ростуше

Запрена постапката за избор на градоначалник на Маврово Ростуше

ржавната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат.

Државната изборна комисија донесе одлука да ја запре постапката оти нема потврдени листи за избор на градоначалник за Општина Маврово Ростуше, по решението за распишување избори од 4 февруари оваа година.

ДИК побара писмено да биде известен претседателот на Собранието, надлежен за распишување на избори.

Минатата недела, кандидатот на СДСМ Куртовски информираше дека нема потреба од дополнителни трошоци во време на криза за избори што можат повторно да бидат неуспешни.

На локалните избори минатата година во октомври не се избра градоначалник на Маврово Ростуше и на Центар Жупа, оти немаше цензус, односно на изборите не излегоа минимум 33 отсто од избирачите.

Изборите во Центар Жупа треба да се одржат на 17 април.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …