Засилени контролите за палење на стрништа, изречени 34 казни од кои 5 барања за прекршочна постапка

Засилени контролите за палење на стрништа, изречени 34 казни од кои 5 барања за прекршочна постапка

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информираше дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, осбено во оние региони каде што има потенцијална опасност од плаење на стрништатта на земјоделско земјиште.

Од ДИЗ информираат дека соработката со општините, како и со полициските единици на МВР е добра, особено во Кочани каде што оваа појава е најзачестена, а се со цел запирање на трендот на загадувањето на воздухот, палењето на стрништа, палењето на шумите и друга вегетација а контролите на терен да се вршат самоницијативно или тимски со преставници на Министерството за внатрешни работи, Територијална противпожарна единица и Државниот инспекторат за земјоделство секаде онаму каде има земјоделски површини и постои опасност од палење на стрништа и друга вегетација.

Од досегашните спроведени контроли,  кои се повеќе од 200, изготвени се записници и 34 казни од кои 5 барања за прекршична постапка за сторен прекршок спротивно на член 46 став 2 а казниво по член 61 став 3 од Законот за земјоделското земјиште а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари

ДИЗ ќе продолжат со интензивините контроли не терен, со цел континуирана и посветена борба против аерозагадувањето кое се случува преку палење на стрништа и земјоделски површини. Засилените контроли се резултат на иницијативата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за зајакнување на инспекцискиот надзор со вклучување на припадници на полицијата.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …