Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апел до сите граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.

Покрај пожарите кои веќе цела недела не се игаснати кај Ново село и на планината Серта, сериозни пожари има и во близина на населените места Чашка, Долнени, Студенични, Зелениково и под Солунска глава. Ова го изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој додаде дека засега нема опасност за ниту едно населено место.