Затворен повикот за субвенции за вградување плински уред во возилата, поднесени 670 барања

Затворен повикот за субвенции за вградување плински уред во возилата, поднесени 670 барања

По еден месец од објавувањето на јавниот повик за субвенции за уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, Министерството за економија денеска го затвори повикот, поради големиот интерес искажан од граѓаните. Иако јавниот повик требаше да трае 60 дена, од 7 јуни како ден на неговото објавување, заклучно со денешниот ден, пристигнати се 670 барања за субвенции од граѓаните за вградување плински уред во возилата.

Од друга страна, Министерството за економија со актуелниот повик од годинешниов буџет има предвидено 11.000.000 денари за оваа намена, за околу 610 апликанти.

„Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни, сите граѓани кои ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила, ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра“, велат од Министерството за економија.

Во рамките на јавниот повик, предвидено беше сопствениците на возила произведени од 2005 година, па наваму, да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.

Инаку, очекувањата се дека граѓаните во наредниот период ќе пројават зголемен интерес за вградување на плински уреди во возилата поради воведувањето на еколошката такса за горивата, која Владата на РСМ најави дека ќе се спроведе од месецов. Наспроти ова, актуелните прогнози на Голдман Сакс, Банката на Америка и ЏП Морган околу вредноста на нафтата во меѓународни рамки во наредниот период се дека цената на нафтата во претстојниот период од годинава ќе се искачи на над 80 долари за барел, јавува Си-ен-би-си.

Иако постои претпазливост во ваквите прогнози доколку се појави нов бран од ковид-19 пандемијата, сепак. доколку тие се остварат, тоа би значело зголемување на цената на нафтените деривати и во нашата земја до крајот на годинава.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …