Затвореник од „Идризово“ 7 месеци по телефон глумел директор: Измамил 7 лица за над 5.100 евра

Затвореник од „Идризово“ 7 месеци по телефон глумел директор: Измамил 7 лица за над 5.100 евра

Затвореник од скопскиот затвор „Идризово“ седум месеци преку мобилен телефон се јавувал на различни лица, лажно се претставувал како директор и успеал да измами седум лица и да причини материјална штета од околу 315.000 денари (над 5.100 евра), информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама“. Во периодот од 02.07.2019 до 13.02.2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми и лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од с.Џепчиште и М.Б.(62) од с.Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства“, се наведува во дневниот билтен на МВР.

Инаку, мобилните телефони според актуелните законски прописи се забранети за поседување од страна на затворениците во сите затворски установи во земјава.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Support Kocani: Обезбедени медицински креми од 1 милион денари за настраданите од пожарот

Support Kocani: Обезбедени медицински креми од 1 милион денари за настраданите од пожарот

Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со својата континуирана хумана мисија за помош на лицата кои …