Синоќа во 18 часот бил крајниот термин до кога кондовецот Агим Красниќи требало да се врати од викенд во Затворот во Штип, каде отслужува 15 годишна казна. Уште синоќа е алармирана полицијата, а денеска писмено се извесни сите институции, потврди директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров. Красниќи се води како бегалец од затвор.

Красниќи го напуштил затворот во понеделникот на 3 февруари. Тодоров вели дека не му е првпат на затвореникот да добие отсуство, по што редовно се враќал. Последен пат бил пуштен пред еден месец.

И во септември 2017 година, Агим Красниќи не се врати во затворот по доделеното отсуство, меѓутоа по некое време беше пронајден и продолжи да ја отслужува казната.

Красниќи беше уапсен во 2008 година, заедно со неговата седумчлена група за предизвикување изборни нерегуларности за време на тогашните парламентарни избори. На неговата група исто така и’ се судеше за тероризам, односно планирање напад на Скопје.

Извор:МЕТА