Во рамките на Програмата за остварување на националниот интерес во областа на културата на Министерството за култура и туризам за 2025 година, НУ Завод и Музеј – Прилеп го реализира проектот: „Балканскиот јунак Марко“.
Оваа година се одбележуваат 690 години од раѓањето и 630 години од смртта на Крал Марко (околу 1335 – 17 мај 1395), кој e последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија. Тој е историска личност, но истовремено, најпознат јунак на епското народно творештво не само кај Македонците, туку и кај другите народи на Балканот.
Ги забележавме „трагите“ кои ги оставил Марко во сите земји на Балканот и пошироко, но и традицијата која ја негуваат низ разни форми: фрескоживопис, записи, натписи, литературни и ликовни дела, топоними, музејски експонати и многу други нешта поврзани со Марко во разни пори на општественото живеење.
Претходното е забележано низ текст и голем број на фотографии, кое веруваме ќе предизвика голем интерес кај целокупната јавност.
Отворањето на изложбата: „Балканскиот јунак Марко“ ќе биде на 26.12.2025 (петок) во 19.00 часот во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место